Ferrari е казнет со парична казна од 50.000 евра поради инцидентот при замена на гумите на Раиконен на ГН на Бахреин, при што еден од механичарите беше повреден

Инцидентот се случи при второто второто влегување на Кими Раиконен на боксот. Проблемот беше задното лево тркало, а покрај фактот дека тоа не беше заменето, Финецот доби сигнал дека сервисот е комплетно завршен.
Тој го стартуваше болидот, но при поаѓањето го удри механичарот кој го држеше резервното тркало и му ја скрши ногата.

Токму ова е причината за казната на Ferrari од страна FIA.

Во соопштението на стјуардите стои: „Стјуардите утврдија дека има неправилно путање на автомобилот според член 28.13a. Тимот го пуштил автомобилот на начин што имал за последица загрозување на вработените и предизвикување повреда“.