Fiat Chrysler Automobili ги отфрлa шпекулациите за продажба на својот луксузен бренд Maserati

Интерес, наводно пoкажал кинескиот гигант Geely, сопственик на Volvo, но во Торино немаат намера да се откажат од Maserati, и покрај проблемите во кој се наоѓа овој бренд.

На крајот од минатата година, челниците на FCA признаа дека направиле грешка во позиционирањето и стратегискиот развој на Maserati, кој во 2018 година испорача само 26.400 возила ширум светот, што е дури 50.000 помалку од предвидената цел.

Новиот извршен директор Мајк Манли смета дека компанијата, како прво, згрешила што го промовирала Maserati речиси како „бренд за широките маси“, а како второ, што Maserati и Alfa Romeo ги ставила под ист покрив.

FCA планира да инвестира 10 милијарди долари во текот на следните пет години во хибридни и електрични модели, во што важна улога ќе игра Maserati.

Во меѓувреме, има шпекулации за партнерство помеѓу FCA и француската PSA група, што од Торино не го отфрлаат.