И покрај најавата за затворање, возилата наменети за европскиот пазар се уште ја напуштаат фабриката

Станува збор за фабрика која во моментов произведува околу 11.000 лесни комерцијални возила годишно, а ги носи ознаките на Peugeot, Opel и Citroen. Погодувате, станува збор за Stellantis и Mitsubishi, кој како косопственик ја користи фабриката за производство на Outlander и Payerо, во количини од нешто повеќе од 21.000 возила годишно.

Претходната недела, портпаролката на Stellantis потврди за Auto News дека фабриката се уште работи, но со драстично намалено темпо на производство. Тогаш беше забележано дека фабриката може да биде затворена, пред се поради проблеми со логистиката и снабдувањето со делови.

Stellantis претходно го прекина извозот и увозот во Русија, додека шефот на концернот Карлос Таварес нагласи дека сериозно размислуваат да го префрлат производството од фабриката во Калуга во фабриките Хордаин во Франција и Лутон во Велика Британија.

Ако се случи преселба, тоа ќе биде голема промена во бизнисот. Имено, уште во јануари беше објавено дека руските погони во Калуга ќе произведуваат доставни возила за цела Европа, а ќе имаат годишен капацитет од 125.000 возила.

За се порано зборуваше и Таварес, кој изјави дека производството дефинитивно ќе престане, но не поради тоа што се случува во Украина, туку поради други причини поврзани со недостигот на одредени делови. Тој нагласи дека одлуката ќе биде донесена без соопштение за медиумите.

Сегашниот план е фабриката да се затвори на неколку дена или на почетокот на април поради недостиг на делови, а потоа од 6 до 10 април работниците да бидат испратени на колективен одмор. Производството на возила Mitsubishi нема да престане.

Во Калуга се вработени околу 2.500 работници, додека во Украина Stellantis има 71 вработен.