F1: Ferrari и Леклерк најбрзи на вториот ден од тестирањата во Барселона
И вториот ден од првото предсезонско тестирање во Барселона доминација на Ferrari!
Овој пат зад воланот на црвениот болид беше младиот Леклерк кој покажа дека оваа година сериозно може да се смета на него.
Веднаш зад него по постигнатите времиња беа Ландо Норис (McLaren) и Кевин Магнусен (Haas). Тука мора да се истакне дека Ландо Норис своето најдобро време го постигна на C4 компонента, додека останатите беа на C3 компонента на гуми.
Ако се погледне бројот на извозените кругови, и тука предводник е Чарлс Леклерк со Ferrari. Многу блиску беше и Алекс Албон, кој беше втор по бројот на кругови. Најмал број на кругови извозеа Рикардо поради проблеми со DRS-от во утринскиот дел од тестот и Haas поради проблеми со пумпата за гориво.
Зад воланот на Red Bull на вториот ден од тестирањата беше младиот Пјер Гасли, кој во најголем дел од денот заврши одлична работа. Сепак, час и половина пред крајот на тренингот, во вториот сектор загуби контрола над болидот и со задниот дел удри во заштитната ограда. Со тоа за него заврши вториот ден од тестирањата во Барселона.
?… ?
Day 2 of testing ends early for @PierreGASLY#F1Testing #F1 pic.twitter.com/p9ANwTa1uJ
— Formula 1 (@F1) February 19, 2019