Евтиниот Volkswagen EV модел всушност е e-Up!
Volkswagen неодамна објави дека ќе понуди електричен модел финансиски подостапен од конкуренцијата на пазарот или со цена до 18.000 евра
Веднаш почнаа шпекулациите за изгледот на автомобилот, кој ќе биде конкурент на Tesla, но од VW набрзо ги „изгаснаа“ сите надежи дека компанијата ќе направи уште еден I.D. модел.
Како што сега стојат работите, VW нема планови за некое пазарно изненадување, туку прифатливиот EV на Volkswagens, всушност, ќе биде новата генерација на урбаниот Up!
VW веќе почна да Up! да го приближува кон пониска цена, па така сегашната генерација веќе се продава за 4.000 евра помалку од пред неколку месеци, но сеуште е околу 21.000 евра, што е во рангот на автомобили Б и Ц сегментот.
Според Bloomberg, VW планира да го надгради батериското пакување на e-Up, што ќе овозможи поголема автономија и конкурентност на пазарот на електрични автомобили во САД и Европа.
Новиот e-Up треба да биде изграден на MEB-платформата што ја користат електричните модели од I.D. семејството, што ќе влијае на пониската цена на моделот до горенаведените 18.000 евра.
Сепак, јасно е дека VW нема да има модел кој ќе биде конкуренција на електричните автомобили на Tesla.