Американскиот производител успеа во една календарска година, во САД да продаде повеќе од 100.000 единици од своето најевтино електрично возило – Model 3, што е резултат до кој никој досега не се ни приближил кога станува збор за електрични автомобили

Во првите 11 месеци од 2018 година во САД се продадени 114.472 единици од Model 3, резултат со кој овој автомобил по продажба е далеку плед најблиските ривали.

Само во ноември, до американските потрошувачи се доставени 18.650 единици.

Колкав е напредокот во процесот на производство на Model 3 за само една година доволно е да се спомене дека во ноември 2017 година до клиенти се доставени само 337 примероци од овој автомобил.

Инаку, претходниот „електричен рекордер“ според продажба во една година е Nissan Leaf – овој модел беше во 2014 година го купиле 30.200 Американци. Model 3 речиси четири пати го надминува овој резултат, а до крајот на годината има уште еден месец, па вкупниот продажен резултат сигурно ќе биде уште подобар.

Tesla во понудата има уште две други, поскапи возила – Model S и Model X. Во ноември, до потрошувачите во САД испорачани се 2.750 примероци од Model S и 3.200 од Model X. Вкупниот досегашен резултат на Tesla во првите единаесет месеци e речиси 160.000 електрични возила (Model 3, S и X).