Продажбата на нови автомобили на Стариот континент во ноември повтроно бележи пад или испорачани 1.045.129 автомобили

Кога станува збор за периодот јануари-ноември, евидентирани се  вкупно 10,71 милиони нови регистрации, што е за 26% полошо од минатата година. Експертите проценуваат дека вкупниот пад на продажбата на крајот на годината ќе биде околу 25%.

Во ноември, Европјаните му останале „верни“ на VW Golf, кој веќе долго време е најпродаван автомобил. Германскиот хечбек стигнал до 24.784 нови сопственици. На второто место е Toyota Yaris со испорачани 19.397 примероци, а малку послаб резултат оствариl Renault Clio со испорачани 19.160 примероци.

Ова e списокот на најпродавани автомобили во Европа минатиот месец:

РАНКИНГ МОДЕЛ НОЕМВРИ 2020.
1. VOLKSWAGEN GOLF 24.784
2. Toyota Yaris 19.397
3. Renault Clio 19.160
4. Opel Corsa 18.855
5. Peugeot 208 17.812
6. Peugeot 2008 15.941
7. Renault Captur 15.793
8. Dacia Sandero 15.351
9. Ford Focus 15.244
10. Škoda Octavia 15.219