EuroNCAP: Високи оцени за новите модели / ВИДЕО
Без негативни изненадувања по новата серија на краш тестови спроведени од страна на EuroNCAP
Овој пат низ строгите тестови за безбеднос поминале Škoda Kamiq, Audi A1, BMW Z4, Mercedes CLA, Mercedes EQC, Ford Focus и SsangYong Korando. Сите тестирани автомобили добиле пет sвезди за безбедност, иако моделите имале различни резултати во различни сегменти
Така на пример, најдобра оцена за безбедност на патниците на предните седишта добил BMW Z4 (97%). Во оваа категорија во чекор го следат Focus, Kamiq, CLA и EQC кои забележале резултат од 96%, А1 со 95%, додека на „најслаб“ резултат има Korrado со 88%.
Нема голема разлика ниту кај резултатите за безбедност на децата. Лидер е Mercedes CLA со 91%, EQC е втор со малку полош резултат од 90%, следени од Focus и Z4 со 87%, додека другите тестирани модели постигнале резултат од 85%.
Кога станува збор за безбедноста на пешаците, разликите се поголеми. Најбезбедни се CLA и Z4 со 91%, Kamiq има резултат од 80%, додека сите други модели забележале резултат помал од 75%, додека најлош резултат има моделот на SsangYong (68%).
Активните системи за безбедност се неопходни за да се добијат високи оценки на краш тестовите, па затоа има и посебна категорија за тестирање во рамките на која се тестира нивната реална функционалност. Овде победник е Audi А1 со 80%, а второто место го делат Kamiq и Z4 со 78%. Сите други тестирани модели имале резултат помеѓу 74 и 75%.