Електричниот сегмент во 2018 година низ бројки
Центарот за истражување на соларна енергија и водород од Баден-Виртемберг спровел опсежно истражување на пазарот за електрични автомобили, а според кој најпопуларно електрично возило во светот е Nissan Leaf, од кое се продадени над 360.000 единици во 2018 година на глобално ниво
На втората позиција за минатата година е Tesla Model S со повеќе од 240 000 продажби, а на трето, изненадувачки, ЕС-серијата на кинеската компанија BAIC. Од EC-серијата се продадени повеќе од 170.000 примероци, сите на купувачи од Кина.
Ако се земе предвид фактот дека Tesla Model S е автомобил од премиум-сегментот, чија просечна цена е 2,5 пати повисока од онаа на Nissan Leaf, може да се претпостави дека тоа е електромобилот кој носи најголеми добивки за неговиот производител.
Според експертите, промена на врвот може да настапи не порано од 2020 година, кога Tesla ќе ги достигне планираните количини на производство на ценовно прифатливиот Model 3. Ова во голема мера ќе зависи и од темпото на раст на Nissan Leaf , кој ја зголемува продажбата за околу 80.000 единици годишно.
Инаку, бројот на електрични автомобили на глобално ниво се зголемил на 5,6 милиони во почетокот на 2019 година, што претставува зголемување за 64 проценти во однос на претходната година. Ова е втора година по ред со забрзан раст на овој сегмент во автомобилската индустрија, поттикнат пред се од Кина и САД, како најголеми пазари.
Кина повторно е глобален лидер со вкупно 2,6 милиони е-автомобили. Потоа следат САД со 1,1 милион е-автомобили. Со 142.000 електрични возила помалку, на третото место е Германија.