Експертска анализа: Кој и зошто купува SUV Coupe модели?
Кросовер или поточно SUV манијата со пазарот владее веќе неколку години, а меѓу останатите има еден сегмент во кој купувачите не прашуваат за цена
Иако на почетокот многумина дизајнот го опишаа како тотално промашување, BMW X6 воведе нов тренд помеѓу луксузните автомобили. Спојката на SUV и Coupe им се допадна на многумина, а најмногу на оние со „длабоки џебови“ кои не прашуваат за цена. Така „ѕверот“ Х6 и по димензии и по моќ, го најде својот пат до клиентите.
Особено го засакаа помладите клиенти желни за докажување, но и многу спортисти, претприемачи… Нормално следуваше одговор од конкурентите. GLE Coupe, Audi Q8, Porsche Cayenne Coupe…
Kонсултантската компанија Strategic Vision собира податоци од пазарот и има таков увид во него да може точно да види кој купува вакви возила. Резултатите ја потврдуваат тезата дека SUV Coupe моделите ги купуваат помладите купувачи или оние кои се околу пет години помлади од купувачите на класични теренски SUV модели. Тоа секако придонесува за доближување на брендовите до помладата клиентела, а во крајна линија и самиот бренд го прави попривлечен.
А тука не завршуваат добрите работи за производителите. Имено, помладите купувачи се помалку чувствителни на цени, па затоа овие модели се редовно поскапи од класичните модели. Притоа, тие им донесуваат дополнителни приходи на производителите. Затоа, немојте да се изненадите што има се повеќе вакви модели на пазарот и што уште долго ќе ги гледаме на патиштата.
„Најмногу од сè, купувачите на вакви возила сакаат да изгледаат добро во нив и се издвојуваат од останатите. Тие дури ги гледаат овие возила како продолжение на нив самите, како што еден гејмер го гледа аватарот како продолжение на себе. Дополнително тие сакаат овие автомобили да го претставуваат нивниот успех“, објаснува Александар Едвардс, претседател на Strategic Vision.