Lexus е еден од најпродаваните премиум брендови во Северна Америка и повеќето од неговите производи се осудени на успех уште во моментот кога ќе пристигнат во изложбените салони. Таков беше случајот и со моделот GS, кој дебитираше уште во далечната 1991 година и во текот на четирите генерации се продаваше извонредно.

Најголемиот број на испорачани производи е постигнат во 2005 година до клиентите се испорачани 33.457 единици, но инвазијата на SUV и кросовер модели во претходните години се чини го зеде данокот. Минатата година продажбата достигнала само 3.378 единици, што претставува намалување за 34%. Оваа година во првото тримесечие се продадени само 624 возила.Во такви услови, GS едноставно немаше никакви шанси да преживее.

Но критики за ова можат да се испратат и до самиот Lexus. Премиум дивизијата на Toyota во понудата има сличен по големина модел, ES, со скоро идентична механичка понуда. Додека во Lexus се надеваа дека клиентите ќе бидат подготвени да потрошат повеќе пари за погонот на задните тркала кај GS, тоа сепак не се случи. Разликата во цените помеѓу ES и GS е околу 12 000 долари, така што поевтиниот модел излезе како победник.

Пред конечното укинување, јапонскиот производител на возила ќе понуди специјален Black Line пакет за GS350 F Sport. Овој пакет ќе се одликува со многубројни дизајнерски детали во црна боја, кои првенствено ќе се однесуваат на фелните и детали од внатрешноста, како и 3.5-литарски агрегат со 311 КС. Lexus ќе го ограничи производството на овој модел во серија од само 200 единици. неговата почетна цена ќе биде околу 66.000 американски долари.

Lexus GS веројатно нема да биде запаметен како премногу популарен модел, но треба да се напомене дека верзијата F, која се произведува од 2016 година, е исклучително популарна кај новинарите и вистинските автомобилски вљубеници.