Seres 3 го има се она што е потребно за трасирање на електричната иднина, но и се она што е потребно за да се зголеми нашата доверба во „кинезите“

DFSK, гигантот на кинеската автомобилска индустрија, сака да ја револуционира електричната мобилност во Европа. Seres 3 е неговиот прв предлог. SUV полн со аргументи да стане еден од најпопуларните електрични автомобили и да ги разбие митовите за кинеските автомобили кај Европјаните, но и кај нас. Дали е така, се обидовме да дознаеме и ние кој се дружевме со овој електричен „теренец“ благодарение на импортерот за македонскиот пазар ABC Brother од Скопје.

DFSK за кратко време покажа дека е можно да се добие значајно место на конкурентскиот пазар на патнички автомобили. Прво со многу интересниот и ценовно привлечен DFSK 580, па преку DFSK F5 (со кој претходно се дружевме), па се до најновото нешто во понудата, целосно електричниот Seres 3 со кој DFSK сега е подготвен да го отпочне вториот чекор од својот стратешки план на глобален план – продажба на електрични автомобили.

Првиот електричен кросовер кој DFSK и ABC Brother го носат на нашиот пазар, надвор од нашите граници е познат под повеќе имиња: Fengon E3, DFSK Glory E3, Seres 3 и Seres ix3. Неговото име варира и во рамките на самата Европска унија. На пример, во Германија, како и кај нас во Македонија, се пласира како Seres 3.

Од многу аспекти, Кина го поставува курсот кој треба да се следи во процесот на масификација на електричните автомобили. Доказ за тоа се продажните бројки на кинескиот пазар, како и начинот на кој тие дозволија употребата на оваа технологија да се прошири и стане повеќе од реалност во тамошните импресивни градови.

Sеres 3, одличен дизајн и извонредна опрема

Сериското производство на овој електричен автомобил се изведува во модерен објект лоциран во Лиангјанг, слободна индустриска зона на Чонгинг. Мора да започнеме од основата затоа што имаме работа со автомобил со кинески дизајн, развој и производство. Производ кој се користи како референца за глобалното ширење на Donfeng.

Првиот електричен кросовер кој DFSK ќе продава на македонскиот пазар има спортски модерен изглед, но истовремено и елегантен.

Предната маска очекувано кога станува збор за електрични возила е целосно затворена и прилагодена да ја покажува корпоративната слика на DFSK и електричната марка Seres. Сините елементи се само показател на електричната припадност. Страничната силуета открива современ дизајнерски пристап кој делува прилично спортски, пред се поради слегувачката линија на кровот, која дава и доза на динамика во дизајнот. Го завршуваме нашиот преглед на надворешноста одзади, местото каде што Seres 3 ја покажува својата уште подинамична и поспортска страна. Спојлерот и падот на покривот, заедно со задните светла во кои се користи LED технологија, се одлучувачки за постигнување на вкупниот впечаток, а тоа е модерно и складно, токму онака како што сака европскиот купувач.

Ако ја оставиме настрана надворешноста и влеземе во новиот Seres 3, веднаш ве дочекува топла и пријатна околина. Самата кабина многу се разликува од она што можеме да го најдеме во остатокот од палетата на теренски возила на DFSK. А тука пред се пред чувството за минимализам и квалитет. Избрана е многу добро избалансирана комбинација на меки материјали и тврда пластика. Чувството на квалитет што го добивме на почетокот останува и понатаму.

Брзо станува јасно дека Seres 3 е автомобил со многу висока технологија. Имаме комплетно дигитален пакет од инструменти кој јасно прикажува релевантни информации за возењето и може да се прилагоди на три различни стилови. На ова мора да се додаде и 10,25-инчниот екран на допир кој претставува „централен нервен систем“ и клучна компонента за управување со инфо-забавниот систем базиран на мултимедијалната платформа LinOS 4.0 со сите видови на функции и алатки за да го направиме нашето секојдневие поудобно во овој автомобил.

Седиштата се навистина удобни и нудат добра странична поддршка. Предните седишта имаат електрична регулација и греење. И сето тоа како стандард. Просторот што е достапен на задните седишта е солиден. Двајца возрасни би патувале во голема удобност. За жал, третото место е за спорадична употреба со оглед на тоа дека во централниот дел од потпирачот за грб е интегриран потпирач за раце кој нуди многу пониско ниво на удобност.

Акустичната изолација на кабината е оптимална, што додадено на 100% електричен погонски систем, создава идеална средина за уживање во патувањето. Покрај тоа, има голем број оддели за складирање и различни решенија насочени кон подобрување на попрактичната страна на овој електричен кинески автомобил.

Опциите за конфигурација што ги нуди Seres во Македонија се минимални. Сепак, она што може да изгледа како хендикеп, е всушност спротивно од тоа. Стандардната опрема е многу комплетна, односно брендот ја повторува равенката поставена со остатокот од гамата… Уверете се и сами на следниот линк!

Возење под висок напон

Погонскиот агрегат е клучен елемент за работата на секој електричен автомобил. Батерија – во утробата на Seres 3, совршено интегрирана под подот лежи батерија од 53,61 kWh. Тоа е батерија (LiFePO4)  составена од литиум меѓу другите хемиски елементи и направена самостојно од компанијата. Покрај тоа, тој има систем за течно ладење.

Главната цел на оваа батерија е напојување на електромоторот од 120 kW (163 КС) и максимален вртежен момент од 300 Nm. Енергијата се испраќа до предната оска. Благодарение на овој механички сет, Seres 3 е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 8,9 секунди и да достигне максимална брзина од 160 km/h. Ќе се сложите сосема добро за циркулација во и надвор од градот.

Според WLTP циклусот, автономијата е 329 километри и сертифицирана просечна потрошувачка на енергија од 18 kWh на 100 km (ние измеривме 20 kWh / 100 km).

Преку селекторот за режим на возење кој се наоѓа на централниот тунел, можеме да избереме помеѓу вкупно три режими на возење: Normal, ECO and Sport. Во зависност од избраниот режим, преовладува ефикасноста или, напротив, перформансите. Изборот нормално директно влијае и на автономијата односно максималниот опсег со едно полнење на батеријата. ECO режимот, иако ја ограничува испораката на енергија, ќе ни помогне да ја исцедиме максималната можна автономија, на моменти дури да заборавиме на педалата од сопирачката. Спортскиот режим е нешто сосема спротивно, додека режимот Normal e некакво средно решение.

Што се однесува до времето на полнење, уште еден фактор што го одредува електричниот автомобил, треба да се напомене дека користејќи брз полнач (ова е фабрички податок кој неможевме да го провериме затоа што во нашата држава нема такви полначи), за постигнување 80% од капацитетот на батеријата потребни се приближно 30 минути. Ако се користи излез од 6,6 kW, процесот на полнење трае 8 часа. Полнењето во домашни услови (за целосно наполнета батерија) трае до 18 часа и ќе ве чини нешто повеќе од 60 денари за секои 100 километри.

Моментално расположливите полначи во Македонија (мапа и други информации може да видите на следниот линк), дозволуваат бесплатно полнење со картичка за полнење до еден час, а со тоа да надополните отприлика до 10-15% од капацитетот на батеријата (25-35 km) што за повеќето од нас е доволно за дневни потреби.

Кога станува збор за управувањето, главната карактеристика е леснотијата и добриот одзив на управувачот. Суспензијата доста добро ги филтрира нерамнините и неправилностите на патот. Тежината на батеријата помага во стабилноста при возење по кривулести патишта. Сепак треба да бидеме јасни и да кажеме дека Seres 3 не е тука да понуди спортско возачко искуство. Тука преовладуваат други фактори како што е удобноста. Неговото природно живеалиште“ е големиот град. Патем, за разлика од другите електрични автомобили чија цена е многу поголема, Seres 3 навистина има диск сопирачки и напред и назад. Бучавоста… чекај… ја нема, нормално. Возиме електричен автомобил. Единствениот звук кој ќе го чуете доаѓа при поголеми брзини и всушност е производ само на струењето на воздухот.

Заклучок

Seres 3 го има се она што е потребно за трасирање на електричната иднина, но и се она што е потребно за да се зголеми нашата доверба во „кинезите“. А цената е фактор кој ќе ја одреди комерцијална еволуција. Во Македонија, цената на Seres 3, воедно и нашето тест возило, е 33.000 евра (Премиум пакет), додека цената со Стандард опрема е нешто пониска (31.090 евра). Побарувачката ќе зависи и од можните субвенции за набавка на електрични автомобили, кој засега иако најавени, ги нема.

Би било пожелно да се има поголема автономија, барем да се доближи до бариерата од 400 километри, но… Имајте во предвид дека Seres 3 доаѓа со неверојатна 8-годишна гаранција на електромоторот и батеријата и 5-годишна гаранција на останатите делови на возилото. Да не заборавиме… и ниски трошоци за одржување.

Технички спецификации за SERES 3 EV

  • мотор: eлектричен

  • максимална моќ: 163 KС (120 kW)

  • макс. вртежен момент: 300 Nm

  • капацитет на батерија: 53,61 kWh

  • трансмисија: на предни тркала преку директен менувач

  • потпирање: напред Мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад Multi link, спирални пружини, телескопски амортизери

  • сопирачки: напред дискови назад дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ пневматици 225/55 R18

  • каросерија: SUV со пет врати, пет седишта

  • должина х ширина х висина: 4.385 x 1.850 x 1.650 mm

  • меѓуоскино растојание: 2.655 мм

  • траги (напред/назад): 1.485/1.485 mm

  • тежина: 1.650 kg

  • максимална тежина: 2.065 kg

  • багажник: 526 l

  • максимална брзина: 155 km/h

  • забрзување 0-100 km/h: 8,9 секунди

  • автономија: 405 km (NEDC) 330 km (WLTP)

  • емисија на CO2: 0 g/km

Повеќе информации во ABC Brother на тел. (02) 26 17 191 или на www.driveseres.mk