Два купе модела и една седан во трка за забрзување

Ако мислите дека дизел автомобилите се досадни, дури и ако имаат одличен погонски агрегат и погон на четири тркала, ова видео веројатно ќе ве натера да го промените мислењето. Претставниците на Mercedes, Audi и BMW, опремени со дизел мотори, учествуваат во директната трка за забрзување.

Сите три модели имаат под капакот на моторот имаат 3.0-литарски 6-цилиндерски дизел мотори. За Mercedes E400 и BMW Серија 8 тие се редни, додека кај Audi A8 станува збор за V6.

Audi A8 50 TDI, можеби на прв поглед изгледа како аутсајдер во оваа група бидејќи неговиот мотор нуди само 282 КС и 600 Nm вртежен момент. Со Quattro погонот, овој автомобил забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди.

BMW 840d xDrive развива 315 КС и 680 Nm вртежен момент, со забрзување од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди. Другото купе – Mercedes E400d 4Matiс, се потпира на 335 КС и 700 Nm, но бидејќи е 35 килограми потешко од баварецот, му требаат 5,1 секунди за да стигне до 100 km/h од место.

Што мислите кој е победникот?