Фабриката на Fiat во Мелфи во Италија ќе се затвори ако се имплементираат плановите на Белата куќа

Групата FCA Fiat-Chrysler ќе биде меѓу најпогодените од евентуалните даноци со кои Доналд Трамп се заканува да ги оданочува автомобилите кои влегуваат во САД, се тврди во анализата на консултанитет од Evercore ISI.

Според анализата на консултантите, данокот од 25% ќе ја намали годишната добивка на компанијата за 743 милиони евра. Ова е сценариото доколку Трамп наметне даноци базирани на закана за националната безбедност. Другата опција која е можна во однос на даноците е 20% царина за увоз од Европската унија. Во тој случај профитот на Fiat-Chrysler би се намалил за 526 милиони евра годишно.

Минатата година, FCA увезол 158.533 автомобили и камиони, произведени надвор од северно-американската трговска зона NAFTA. Речиси две третини од оваа бројка е малиот кросовер Jeep Renegade, кој се склопува во фабриката на Fiat во Мелфи, Италија.

Релативно солидна продажба во САД, исто така, имаат и моделите на Alfa Romeo и Maserati. Даноците сепак ќе најмногу ќе влијаат на Renegade и другите слични модели во пониските ценовни класи, бидејќи кај нив и профитната маргина е најмала.

Увозот на италијански автомобили во САД минатата година вредел повеќе од 4,8 милијарди долари. Понапред се само Германија (20,2 милијарди долари) и Велика Британија (8,6 милијарди).

Ако се спроведат плановите на Трамп, постои сериозна закана од затворање на фабриките во Италија. Особено загрозена е фабриката во Мелфи, недалеку од Неапол, во која минатата година се склопени 177.000 примероци од Renegade – над половина од нив наменети за американскиот пазар. Оваа фабрика на Fiat и без ова е тешка ситуација, бидејќи оваа година се запира и производството на веќе застареното Punto.