Возачите на Porsche имаат најмногу прекршочни поени во Германија. 

Околу единаесет проценти од сопствениците на овие спортски автомобили изјавувиле дека имаат прекршочни поени при земање автомобилско осигурување, се вели во напис на порталот за споредба на цените на осигурувањето Check24

Цената на осигурувањето зависи и од бројот на прекршочни поени.

Сопствениците на Jaguar (9,6%), Audi, BMW и Land Rover (по 8,2%) се во првите пет на таа листа. Со учество од 7,3 проценти, Tesla е помеѓу првите десет.

Возачите од Mitsubishi, Peugeot и Renault имаат најмалку поени (по 5,5%), додека возачите од Fiat и Dacia се блиску со 5,6, односно 5,7 проценти, соодветно. Очигледно, колку се поскапи автомобилите и колку се подобри перформансите, возачите се помалку дисциплинирани. Просекот на возач со прекршочни поени е 6,5%.