Неколку недели откако сопственикот на кинеската компанија Geely, Шуфу Ли стана најголем поединечен акционер во Daimler, лансирани се и првите гласини за соработка помеѓу Mercedes и Volvo

Како потсетување, Geely во 2010 година за 1,8 милијарди долари стана мнозински сопственик на шведскиот производител кој, благодарение на ова партнерство, стана сериозен играч во премиум автомобилскиот сегмент, а минатата година стана мнозински сопственик и во британскиот Lotus. Компанијата, според некои гласини, по акциите во Daimler, планира да купи удел и во BMW и во групацијата Fiat Chrysler (FCA).

Сега, кога Шуфу Ли е „влезен“ и во Daimler, локалните медиуми укажуваат на тоа дека германскиот гигант може да купи дел од акциите на Volvo и со тоа да се воспостави соработка меѓу двата производители.

Се нагласува дека тоа би било технолошко партнерство, првенствено за развој на електрични возила, но и можност Mercedes да го снабдува Volvo со погонски агрегати и други компоненти.

Ли во февруари купи 9,69 отсто од акциите на Daimler за 9 милијарди долари. Кинескиот милијардер смета дека огромните трошоци за инвестиции во развој на технологијата за електрични и автономни возила ќе резултира со доминација на само неколку производители на пазарот.

Според него, спојувањата и партнерствата во автомобилската индустрија се најдобар начин за преживување во овој бизнис. Ли откако ги купи акциите на Daimler, негираше дека планира наскоро да купи и нови, истакнувајќи дека во целост ќе ги политува плановите на компанијата и управувачката структура која ислучително ја цени.