Некои од вас сигурно и лично знаат дека покрај тркачките патеки, германските автопатишта се е едни од ретките места каде што, на пример, Tesla Model 3 може законски да вози со максимална брзина. Секако, не премногу долго, бидејќи во спротивно е лесно да се остане со празни батерии

Додека Илон Маск и раководството на Tesla, на секој можен начин се обидуваат да го забрзаат производството на Model 3, некои сопственици на моделот се забавуваат со испробување на максималната брзина на овој електричен автомобил.

Така, деновиве е објавено видео кое покажува како ценовно прифатливиот електричен седан на Tesla на автопат во Германија ја достигнува максималната декларирана брзина на ова возило, која е 225 km/h за верзијата Long Range.

Записот покажува дека официјално максималната брзина е дури и надмината, но дека за само една минута и половина, при такво возење, батеријата од проценети 100 километри автономија опаднала на само 80.

Погледнете го видеото во прилог.