Да ти пукне душата! Скапоцени Range Rover и Jaguar модели „обезглавени“ за време на транспорт / ФОТО+ВИДЕО
Неколку примероци на луксузни автомобили со Range Rover и Jaguar обележја сериозно се оштетени откако возачот на камионот за нивен транспорт се обидел да помине под надвозник, не осврнувајќи се притоа на максимално дозволената висина на возило за поминување под железнички мост. Несреќата се случила во шкотскиот град Перт
Сите возила во горната платформа од транспортната приколката на транспортната компанија carlson, se сериозно оштетени во настанот. Неколку Range Rover и Jaguar F Расе примероци се тие кои поминале најлошо, а два од нив се се целосно отпишани затоа што поправката е невозможна или неисплатлива.
Настанот предизвикал повеќе часовен прекин на сообраќајот во оваа област, вклучувајќи го и железничкиот сообраќај, од причина што железничкиот мост морал да помине низ целосна контрола пред повторно воспоставување на сообраќајот.
Сведоците кои се нашле во близина на местото на настанот, целата случка ја опишале како аудио искуство со „епски пропорции“. Среќа во несреќа, нема повредени лица.