Новиот Digital Outer Mirrors систем на Lexus за првпат беше претставен во септември со новата генерација на ES, така што е достапен за овој модел за моделната 2019 година и веќе се продава во Јапонија

Сега и официјално, ова е првиот сериски автомобил во историјата кој има камери, наместо традиционалните ретровизори.

Коригираната регулатива дозволува нарачка на новиот систем, засега исклучиво во Јапонија, бидејќи во сите други делови од светот оваа технологија се уште е нелегална. Дигиталните ретровизори користат две камери поставени на предната врата, кои испраќаат слики на два квадратни пет инчни екрани на двете страни од салонот. Јапонскиот производител тврди дека ова решение, поради неговите компактни димензии, ќе ја подобри прегледноста и ќе ја намали бучавата предизвикана од струењето на воздухот.

Овој систем не е единствениот кога станува збор за новите технологии во ЕЅ, бидејќи е достапен динамичен радарски темпомат во комбинација со систем за следење на лентата на движење, странична асистенција, поддршка за кочење при паркирање и панорамски монитор. Сите овие системи користат бројни камери, сензори и радари за контрола на однесувањето на возилото во различни ситуации и услови.

Освен опционалните дигитални странични ретровизори, ES е речиси идентичен и за американскиот и за европскиот пазар. На домашниот пазар, овој седан кој лежи на платформата на Toyota, TNGA ,ќе биде исклучиво напојуван од хибридизиран 2.5-литарски 4-цилиндерски бензинец, кој моќноста ја испраќа на предните тркала. ES 300h ќе бидат понуден во стандардна, како и во верзии L и F Sport.