Повеќето клиенти на Dacia доаѓаа од пазарот на користени автомобили, а сега уживаат во удобноста на нов автомобил

Дури 86,6 отсто од приватните сопственици на Tesla кои минатата година го замениле својот стар автомобил за нов во Германија, останале лојални на брендот. Ова произлегува од истражувањето на пазарот спроведено од германската компанија за анализа на пазарот Dataforce, а нарачано од германскиот Automobilwoche. Се разгледувале само приватни купувачи.

Следи Dacia на второто место со процент на лојалност од 73,6 отсто.

„Ова не е изненадување и е тесно поврзано со позиционирањето на Dacia како многу евтин бренд. Повеќето клиенти на Dacia доаѓаа од пазарот на користени автомобили, а сега уживаат во удобноста на нов автомобил по цена на добар користен автомобил. Кога ќе се навикнеш на тоа, не се враќаш толку брзо на користен модел“, вели Лаура Одиниус од Dataforce.

Третото место и припаѓа на Toyota. Јапонците бележат процент на лојалност од 59,2 отсто за 2022. Според Одиниус, ова главно се должи на постарите клиенти: од 75-годишна возраст, 75 отсто од клиентите се лојални на брендот што го возат. Најдобрата германска марка во ова истражување е Mercedes на петтото место, со стапка на лојалност од 53,9 отсто. По нив следуваат Mini 49,9 отсто и VW 49,4 отсто на десеттото и единаесетото место.