„Бројките не лажат“: Tesla заработува 5 пати повеќе по автомобил од Toyota и двојно повеќе од GM и Ford заедно
Тоа е прилично лудо достигнување за компанија која дури и не е активна во некои големи сектори на автомобилскиот пазар
Изминатата година не беше најдобра за Tesla, барем во однос на публицитетот – акциите паѓаа, Илон Маск беше предмет на разни написи одвреме-навреме, вклучително и тужби поврзани со безбедноста или ривалите кои почнаа да ги испорачуваат своите сопствени електрични возила. Ова доведе некои луѓе да се запрашаат дали златното доба на Tesla се ближи кон крајот.
Но, потоа ги гледате финансиските бројки и ги споредувате со оние на ривалите. Е тогаш сваќате дека златното доба на Tesla само што започнало. Како прво профитот: како што известува The Street, Tesla заработила повеќе пари отколку Ford и GM заедно. Tesla минатата година забележала профит од 12,6 милијарди долари, во споредба со 9,9 милијарди долари на GM и загубата на Ford од 2 милијарди долари.
Тоа е прилично лудо достигнување за компанија која дури и не е активна во некои големи сектори на автомобилскиот пазар. Не продава автомобили со внатрешно согорување или хибриди, нема субкомпактни или средна големина седани или теренци, и додека Cybertruck сè уште не е на продажба, ниту Semi камионот сè уште не е во приказната.
Приходите на Tesla за 2022 година биле 81,5 милијарди долари, додека GM заработил 157 милијарди долари, а Ford 158,1 милијарди долари. Ова доведува до уште еден фискален факт за Tesla, кој е веројатно поневеројатен од се останато. Овде станува збор за заработката по автомобил.
Извештајот на Nikkei Asia вели дека Tesla заработувала пет пати повеќе по автомобил од Toyota минатата година. Помеѓу април и декември, Tesla заработувала во просек 12,6 милиони јени (9.618 долари) по автомобил, додека Toyota заработувала само 240.000 јени (1.832 долари) по автомобил.
Дел од вината за ова се припишува на растот на цената на материјалите, што ги погоди сите производители на автомобили, но особено тешко ја погоди Toyota. Трошоците на компанијата беше пријавено дека пораснале за 1,1 трилиони јени (8,36 милијарди долари) и таа сноси голем дел од зголемувањето на трошоците за енергија со кои беа погодени нејзините добавувачи.