Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 08.02.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,197 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388% или за 20,350 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,749% или за 6,100 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,883% или за 7,000 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,191% или за 5,700 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,2140 ден/$ и е за околу 0,944% повисок од курсот на доларот (56,6789 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.