Казната за најголемите германски производители на автомобили е изречена од страна на Европската комисија, наведувајќи дека тајно се согласиле да го ограничат развојот и воведувањето на системи за автомобили за контрола на емисиите на гасови

Daimler, BMW, Volkswagen, Audi и Porsche на тој начин избегнале учество во конкурентскиот натпревар со технологии за ограничување на загадувањето на воздухот од бензински и дизел автомобили, се вели во соопштението на Европската комисија.

Daimler не е казнет затоа што и помогнал на на ЕК да го разоткрие постоењето на картелот и со тоа се стекнал со улогата на заштитен „свиркач“.

Главниот извршен директор на ЕУ за монопол Маргарет Вестагер вели дека тие компании, иако имаат технологија да ги намалат емисиите над пропишаните граници, го избегнувале учеството на пазарот во таа област, лишувајќи ги потрошувачите од шанса да купат автомобили кои помалку ја загадуваат животната средина.

„Фабриките се натпреваруваат едни со други и кога станува збор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите. Овие производители намерно избегнале да се натпреваруваат со филтрите за подобро прочистување отколку што се бара со стандардите за емисија на ЕУ. Тоа го сторија и покрај фактот дека беше достапна соодветна технологија. Нивната практика е незаконска“, вели Вестагер.

Ова е првпат Европската комисија да изрекува казни за сопирање и неучество во технолошки развој, а не за вообичаени случаи, како што е картелско договарање на цени.

Четирите германски производители са колективно казнети со 1,3 милијарди долари, а VW треба да плати најголемо учество – 799 милиони долари. BMW постигнал договор и неговата казна е помала, 442 милиони долари.