Која марка го има најбрзиот основен перформантен модел

Кога станува збор за влезно ниво кај перформантните модели од германските производители, купувачите имаат доста широк избор. Што да се избере? Одговорот го има CarWow во форма на видео од тест направен на патека

Audi S, VW R, Mercedes AMG и BMW M сите имаат перформантни верзии во сегментот C. Очигледно, во оваа категорија на возила, некои други атрибути обично се сметаат за поважни, но со оглед на „перформантните“ суфикси, во овој случај брзината е клучна.

Ривали во овој четворобој се BMW M135i, Mercedes-AMG A35, Audi S3 и VW Golf R.

Сите конкуренти во оваа трка имаат по околу 300 „коњи“, 2.0-литарски четири-цилиндерски мотори, погон на сите тркала и автоматски менувачи.