BMW, барем до сега, ги одделуваше своите електрични од останатите возила во гамата. Со претставувањето на концептот iX3, се чини дека таа пракса се менува

Претставен на штотуку започнатиот автомобилски саем во Пекинг, концептот iX3 најавува целосно електрична верзија на компактниот кросовер од баварскиот производител. Иако станува збор само за концепт, тој е предвесник на серискиот модел кој наскоро треба да се најде на пазарот.

Сосема е јасно дека концептот е заснован на SUV моделот X3, чија трета генерација беше претставена минатото лето. Разликата е во тоа што оваа верзија на X3 нема да има SUS единица, а голем дел од отворите за воздух се затворени, со што, iX3 добил по малку „футуристички“ изглед. Дури и маската (решетката) на ладилникот е рестилизирана, освен рамот кој останал ист.

Она што е суштинска разлика е електричниот погонски ситем кој развива 270 КС. Тоа е малку повеќе од моќноста која доаѓа од бензинскиот xDrive30i и дизелскиот xDrive30d, но исто така и помалку од најперформантниот M40i. Капацитетот на батеријата е 70 kWh, а со полна батерија iX3 ќе може да помине до 400 километри. Со автомобилот доаѓа и брз полнач со капацитет од 150 kWh, па батеријата во автомобилот може да се наполни за само 30 минути.

Поради новата трансмисија и контролен модул, оваа верзија е полесна од стандардната.

[useyourdrive dir=”106dS3QyO4qtm_2fj8F075-qDIrjeFpol” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

BMW веќе потврди дека серискиот модел ќе се произведува во соработка со Brilliance Automotive, со седиште во Кина. Сеуште нема информации за тоа дали овој модел ќе биде произведен и за други пазари.