Резултати од германска студија во неколку категории

При изборот на автомобили од различни марки, Германците обрнуваат внимание на три основни аспекти – безбедност (71,6% од испитаниците), удобност (56,4%) и екологија (46,5%). Сепак, секој шести (16,4%) избира автомобил што го прави да изгледа попривлечен во очите на другите, вели студијата на магазинот Mobile.

Според резултатите од анкетата, најпривлечни во очите на другите се лицата зад воланот на BMW. Според овој индикатор, баварската марка е дури и пред луксузните спортски автомобили на Porsche, иако разликата е минимална. Мажите ги оцениле двата бренда подеднакво, но жените ja носат предноста бидејќи претпочитаат BMW.

Интересно е што американскиот бренд Jeep, кој исто така се идентификува со машкост, добива поголема поддршка од жените отколку од посилниот пол (13,7% наспроти 9%). Најмало внимание привлекуваат сопствениците на автомобили од брендот Fiat.

Кога станува збор за престижот, на прво место е Mercedes (68,5%), кој е пред BMW и Porsche. Две третини од Германците веруваат дека автомобилите од овој бренд се главниот симбол на професионалниот и личниот успех на нивните сопственици. Истата марка е на прво место во категоријата „безбедност“ (47,8%), каде на последната позиција се наоѓа Smart (1,8%). Затоа пак во категоријата екологија, Smart е на второ место (13,1%), зад јапонскиот бренд Toyota (17,3%).