Поранешниот прв човек на Formula 1, Берни Еклстоун, упати совет до Себастијан Фетел, кој на крајот на сезоната го напушта Ferrari, да не оди по секоја цена во некој од тимовите на највисоко ниво

Британецот смета дека за Германецот е многу подобро да избере тим кој е во изградба.

„Јас не би одел во врвен тим да сум на негово место. Тој треба да се обиде да работи со луѓе кои градат тим. Не гледам причина зошто треба да оди во Mercedes. Фетел би бил од голема помош за тим кој е во изградба. Ваквиот потег би имал добар ефект и на него, бидејќи ќе му донесе нешто сосема ново, како во времето кога започна да работи со Red Bull“, вели Еклстоун.

Осумдесет и деветгодишниот милијардер има убави зборови за Карлос Саинц, кој очигледно ќе го наследи Фетел во Ferrari.

„Карлос одеднаш се претвори во многу конкурентен пилот. Тој е многу талентиран и тимот лесно ќе се справи со него. Ако оди во Ferrari, тој ќе биде број два, но таквиот статус за него нема да биде проблем“, истакнува Еклстоун за Bild.