Кралскиот клуб има спонзорски договор со Audi, но играчите претпочитаат слободното време да го поминуваат во егзотични суперавтомобили

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и сопственик на капитенската лента на најголемиот фудбалски клуб во светот повторно е во центарот на вниманието. Овој пат, за промена, во позитивен контекст.

За разлика од неславната епизода пред еден месец кога беше осуден на една година условна казна поради соучесништво во обид за уценување на поранешниот соиграч Валбуен поради секс снимка, Карим Бензема сега ги префрли насловите на медиумите во понормална тема.

Францускиот репрезентативец ја отвори вратата од гаражата и покажа како изгледа неговиот возен парк. Во импресивната колекција вредна околу 10 милиони евра место има за Bugatti Veyron и Chiron, Audi RS Q8, BMW M6, Mercedes-Maybach G650 Landaulet, SLR McLaren, Ferrari 488 Spider и многу други.

Првиот автомобил на 34-годишниот фудбалер бил Mini Cooper S, а за неговиот 18-ти роденден се почестил, со брутален BMW M6!

Во морето од колекционерски предмети, Бензема сè уште го поминува секојдневието во „нормален“ автомобил со само 600 КС. Ракетата RS6 на Audi фаќа стотка за 3,6 секунди, но Карим тврди дека таа всушност е идеалниот семеен караван за превоз на децата до и од градинка.

Викендите се уште се резервирани за Ferrari или Bugatti.