Втората епизода од промотивната серија осмислена од германскиот Audi за новиот SUV модел Q8 веќе е објавена на социјалните мрежи, но барем за сега, тешко дека ќе убеди некого да го купи

Иако видеото со работен наслов „Unleash the brave“, барем според коментарите, е ужасно, но самиот SUV изгледа ветувачки. Audi, се верува дека визуелно моделите Q8 и Q8 Sport ги креирал потпирајќи се дизајн концептот на моделот што и не е лошо. Затоа и се очекуваат тесни фарови, голема маска (решетка) на ладилникот и масивни браници кои ќе придонесат за поагресивен изглед на возилото. За ова треба да придонесат и големите отвори за воздух, па овој модел би можел да биде привлечен за секој кој ќе може да си го дозволи тоа.

Audi Q8 ќе биде поставен на платформата Volkswagen MLB и ќе се продава со широк спектар на агрегати. Воведниот модел ќе има 4-цилиндерски мотор од два литра, кој развива 252 коњски сили.

Исто така, ќе во понуда ќе има и 3-литарски V6 кој ќе развива 355 коњски сили и V6 во хибриден систем кој ќе развива 443 коњски сили.

Најавени се и ЅQ8 и RS Q8 изданија, од кои второто ќе развива околу 530 коњски сили.