Audi Q8 пристигнува во јуни

0

Од Audi пристигна официјално соопштение дека новиот модел во гамата – SUV моделот Q8 ќе биде претставен во текот на 2018 година, како еден од 17-те нови или рестилизирани автомобили на овој производител, кои ќе бидат премиерно претставени во тековната година

Како што најави Питер Мартенс од Audi на редовната годишна прес-конференција, премиерата на „новото лице во семејството Q“ ќе се одржи во Шангај во јуни.

Audi Q8 во основа е поспортска и полуксузна верзија на моделот Q7, со купе линии и не толку конзервативен дизајн, со цел да се привлече и помладата куповно добро стоечка потрошувачка популација.

Моторизацијата најверојатно ќе биде преземена од Audi А8, a се претпоставува дека врв во гамата ќе биде моќниот RS Q8.

Судејќи според таканаречените „шпионски“ фотографии, дизајнот на Audi Q8 во голема мера е инспириран од концептот со исто име кој беше претставен на саемот во Детроит во почетокот на 2017 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »