Неговата загриженост ја објаснува со фактот дека тој е многу близок со оние кои развиваат вештачка интелигенција

Илон Маск не е само фокусиран на електрични автомобили и испраќање луѓе на Марс, туку и на ограничување на развојот на вештачката интелигенција.

Веќе во неколку наврати зборува за опасностите кои во иднина би можеле да бидат роботире и вештачката интелигенција. Гостувајќи на конференцијата South by Southwest во Тексас дополнително ги зајакна неговите предупредувања.

Милијардерот вештачката интелигенција ја нарекува „поопасна од нуклеарна бомба“ и ја нагласува потребата да се формира регулаторно тело кое ќе го надгледува развојот на супер интелигенција. Оние кои ги игнорираат таквите предупредувања јасно им става до знаење дека се – будали.

„Најголемиот проблем што го гледам кај експертите за вештачка интелигенција е дека мислат дека знаат повеќе отколку што навистина знаат и мислат дека се попаметни отколку што навистина се. Ова особено ги вознемирува паметните луѓе, бидејќи тие се дефинираат на основа на нивната интелигенција и не им се допаѓа идејата дека машината може да биде попаметна отколку што се тие“, вели Маск.

Неговата загриженост ја објаснува со фактот дека тој е многу близок со оние кои развиваат вештачка интелигенција.

„Навистина ме плаши. Има многу поголеми можности отколку што некој може да си замисли, а стапката со која се подобрува е експоненцијална“, вели Маск.

Како најдобар пример за тоа како вештачката интелигенција може брзо да напредува, тој се подсетува на случај кога компјутерот го победил човекот во играта Go.

„Темпото на напредок е навистина драматично. Треба да најдеме начин да се осигураме дека дигиталната супер-интелигенција работи во симбиоза со човештвото. Мислам дека ова е најголемата егзистенцијална криза со која се соочуваме“, предупредува Маск.

Тој додава дека не е заговорник за регулирање на напредок, но ова е „голема опасност за јавноста“.

„Треба да се развие јавно тело за увид во развојот, а потоа и надзор кој ќе осигури дека вештачката интелигенција безбедно се развива. Ова е исклучително важно. Мислам дека заканата од вештачката интелигенција е поголема од нуклеарна бомба, а сигурно никој не мисли дека треба да дозволиме некој да изгради нуклеарна бомба онака како што сака. Тоа би било лудо“, додава Маск.

Интересно е тоа што Маск има компанија која се занимава со развој на вештачка интелигенција, Nuralink, а која се обидува да најде начин како да се поврзе мозокот и машинската интелигенција.

Дали претерува во неговите предупредувања или навистина знае што зборува останува да покаже времето.