Audi конечно го претстави својот прв целосно електричен SUV, моделот E-Tron. Станува збор за првиот модел од флотата на електрични возила која во иднина се очекува од Инголштад

Претставниците на германската марка велат дека Е-Тron е „првиот целосно електричен сериски модел“, можеби намерно заборавајќи го неуспешниот R8 e-tron. Во секој случај, E-Tron секако ќе биде првото електрично возило на оваа компанија кое ќе биде масовно произведено. E-Tron ќе биде директен конкурент на неодамна претставениот Mercedes-Benz EQC, Jaguar I-Pace и Tesla Model X.

Моделот Audi E-Tron го придвижуваат два асинхрони електрични мотори кои работат заедно со батерија со капацитет од 95 kWh. Oд компанијата се уште не даваат официјални податоци за бројот на коњски сили и вртежен момент, но истакнуваат дека овој модел од 0-100 km/h забрзува за 5,5 секунди и достигнува максимална брзина од 200 km/h.

При креирањето на овој модел и неговите електрични мотори, фокусот не бил фокусиран исклучиво на перформансите. Всушност, Audi развил иновативен систем за искористување на енергијата кој на електричните мотори им овозможува да ја повратат енергијата кога возачот ќе престане да ја притиска педалата за гас и кога ќе стисне на сопирачката. Во секој случај, овој систем е одговорен за околу 30% од вкупната автономија овозможена со едно полнење.

Зборувајќи за автономијата или дометот на ова електрично возило, според претходните извештаи, се проценува дека овој модел со едно полнење да помине до 400 километри.ж

Тука е и електричниот погон на сите тркала. Овој нов систем обезбедува оптимално триење во сите услови. E-Tron има седум модови за возење, од удобно до ефикасно и спортско. Во зависност од брзината со која возилото се движи, суспензијата автоматски се прилагодува до 76 mm. На пример, за време на долги патувања, возилото се спушта поблизу до земјата, со цел да се намали отпорот на воздухот.

Капацитетот на батеријата од 95 kWh поддржува брзо полнење кое достигнува и до 150 kWh на јавните станици за полнење. Тоа на оваа батерија и овозможува до 80% да се полни за само 30 минути.

Audi E-Tron е долг 4.900 mm, широк 1.930 mm и висок 1.666 mm. Следствено, тој е поголем од моделот Q5, но исто така е помал од Q7. Според компанијата, во салонот удобно може да се сместат пет возрасни лица.

Голем интерес секако предизвикуваат и новите „виртуелни огледала“ или камери кои се поставени на местата каде што обично стојат ретровизорите, а сликата од нив се пренесува на екрани поставени во аглите помеѓу влезната врата и на централната конзола.

Информации за достапните верзии и цените сеуште нема.