На прес конференција за новинари и други гости, Киа Моторс Македонија официјално го претстави редизајнираниот Kia Sportage за моделната 2019 година

Со повеќе од 5 милиони единици продадени ширум светот, Sportage е еден од најважните модели за јужно корејскиот производител.

Акцентот при редизајнот на четвртата генерација на Kia Sportage е на новите хромирани лајсни под предната решетка, на праговите и на задниот одбојник, како и светлосните групи напред и позади со што се заокружува впечатокот за современа естетска целина.

Богата опрема доаѓа веќе со основниот модел кој од сега ќе се препознава по ознаката Vision. Во секој Sportage сега има 7-инчен LCD дисплеј чувствителен на допир во кој е вградена конективна поддршка, а која ги опфаќа двете најпопуларни платформи: Android Auto и Apple CarPlay. Дополнително, веќе во основниот модел, Vision, се вградени задна камера и сензори за паркирање.

Во однос на исполнување на еколошките стандарди, сите бензински и дизел агрегати ги исполнуваат EURO 6D TEMP еколошките норми кои треба да се имплементираат наредната година, а Kia веќе ги нуди во своите модели. Најголемата новина е дизел агрегатот 1.6 CRDi кој доаѓа во две опции (Low power) од 115 КС и (High Power) од 136 КС каде помошниот агрегат нуди достапни опции за AWD погон на сите четири тркала и седум степена автоматска трансмисија со двојно квачило. Што се однесува до бензиските изведби, достапни агрегати се 1.6 GDi со моќност од 132 КС и 1.6 TGDi со 177 КС кој истo така нуди опции за погон на сите четири тркала и автоматска трансмисија. Тоа е само дел од понудата на агрегатите, а новитет е 2.0 CRDi 48V Mild Hybrid so 185 КС стартер генератор и батирии од 48V за рекуперација на кинетичката енергија. Сите агрегати се опремени со системот ISG кој го исклучува агрегатот при работа во место.

За пребирливите, но и за корисниците кои сакаат да ја истакнат својата персоналност, тука се повисоките пакети на опрема – Advance и First Edition. Тие се препознават по новите алуминиумски фелни од 17 и 19 инчи на кои се монтирани нископрофилни пневматици, хромираните лајсни, задните LED светла, а во внатрешноста е поставен нов мултимедијален навигациски систем со 8-инчен екран на допир комбиниран со JBL аудио систем и subwoofer. Тука се уште и електричната рачна сопирачка, греењето на сите седишта и уште цела низа безбедносни системи. На долгата листа се наоѓаат и вградениот радар кој заедно со камерите и сензорите го снимаат патот и овозможуваат останување на коловозната лента, но и опоменуваат за промена на правецот без активирање на трепкач. Истиот систем е ангажиран и за одржување на безбедно растојание со возилото напред, што е исклучително корисно за безбедноста и автономно сопирање во случај на детектирана опасност.

Цените на Kia Sportage модел 2019 започнуваат од 16.950 евра за нивото на опрема Vision со бензински агрегат, додека за помоќниот дизелски погон и истото ниво на опрема цената е 19.950 евра.