Алонсо на Дакар 2020?
Шпанецот останува ангажиран со Toyota, но се уште не ставил точка и на Formula 1
Двојниот Formula 1 светски шампион Фернандо Алонсо на крајот од април одлучи да го затвори поглавјето WEC (Светскиот шампионат за издржливост) и ги потврди очекувањата дека ќе го напушти тимот на Toyota по завршувањето на тековната супер сезона. До крајот на сезоната 2018-2019 остануваат само уште две трки – овој викенд е „6 часа на Спа“, каде Алонсо и неговите тимски колеги Себастијан Буеми и Казуки Накаџима веќе може да ја осигураат светската титула, а во средината на јуни претстои „24 часа Ле Ман“.
Шпанецот всушност објасни дека ја напушта WEC серијата, но останува врзан со Toyota, што е поважно од ветувањето дека еден ден „100 проценти ќе се врати“ во трките на издржливост, бидејќи многу му се допаѓаат.
Алонсо вели дека е можно да вози во еден интересен шампионат во 2020 година – дали е тоа Formula 1, Indycar или некаде на друго место, сè уште не е познато.
Се разбира, Алонсо не го загубил интересот за Formula 1, но тоа ќе се случи само ако тој може да преговара со тим кој му дава шанса веднаш да се бори за титулата. Засега, единствената потенцијална можност за тоа е Себастијан Фетел да си замине од Маранело на крајот од годината, а Алонсо и Италијанците да заборават на последните несогласувања.
Сепак, барем во моментов така изгледа, многу е поверојатно Алонсо да го видиме на стартот од релито Дакар во јануари. Пред се бидејќи Toyota сериозно пристапува на ова натпреварување. Останатите две серии во кои Toyota e присутна се WEC (каде што Алонсо сега вози) и Светскиот рели шампионат (WRC), но втората опција е речиси неверојатна.
Фернандо веќе го тестира автомобилот на Toyota за Дакар заедно со еден од најистакнатите возачи Жинел де Вилиерс. Не трба да се заборави дека од следната година релито Дакар има нов дом – Саудиска Арабија и секоја нова ѕвезда на стартот ќе биде добра вест за организаторите, кои се чини ги решиле финансиските проблеми со изборот на новата дестинација. Алонсо потврди дека неговото учество на Дакар 2020 е можно, но…