Јапонците наводно го отфрлиле предлогот од Париз за спојување со еднаков удел

Наместо очекуваното спојување, алијансата помеѓу Renault и Nissan се движи во правец на распаѓање. Одборот на директори на јапонската компанија категорично го одбил предлогот на Renault двата гиганти да се спојат со еднаков удел, пишува The Financial Times, цитирајќи „добро информиран извор“. Јапонската влада, исто така, неофицијално се спротивставила на договорот.

Тиер Болоре, Жан-Доминик Сенар, Хирото Саикава, Renault-Nissan

Во средината на април Хирото Саикава во Париз се сретнал со извршниот директор на Reanult Тиери Bolorе (лево) и шефот на Управниот одбор на француската компанија Жан Доминик Сенар. Според добро информиран извор, Сајкава категорично бил против било какво спојување

Тензиите меѓу двете компании, кои заедно со контролираниот од Nissan, Mitsubishi, се најголемиот производител на автомобили во светот, започнаа со скандалозното апсење на заедничкиот шеф Карлос Гон во Токио минатата есен. Од тогаш, Гон речиси континуирано е зад решетки. Но, многу аналитичари, експерти… во апсењето на Гон гледаат обид на јапонската влада да го попречи спојувањето кое беше еден од врвните приоритети на Гон

Главниот извор на тензиите до сега беше специфичната форма на Алијансата, при што Renault држи над 43% од капиталот на Nissan со право на глас, додека Јапонците во обратна насока контролираат само 15% и тоа без право на глас. Предлогот на новиот шеф на Renault, Жан-Доминик Сенард, беше спојување на двете компании со еднакви акции и еднаква тежина во донесувањето одлуки. Сепак, и иова е дефинитивно отфрлено од раководството на Nissan, предводено од Хирото Саикава, доколку се верува дека на изворот на The Financial Times.

Односите меѓу партнерите, кои беа деградирани по притворањето на Гон, сега достигнuvaat нова фаза, продолжува во пишувањето The Financial Times. Јапонската компанија има значително повисока продажба, приходи и пазарна капитализација. Од друга страна, без инвестициите на Renault во периодот 1999-2002, Nissan ќе банкротираше.