Со одложувањето на премиерата на новата генерација, сегашниот Golf ќе мора и понатаму да се спротивставува на значително помладите ривали

Осмата генерација на најпродаваниот европски модел доаѓа пред крајот на годината, а до тогаш таканаречениот „Golf 7.“5 треба да ја заврши започнатата работа. неговата продажба бележи пад, а против моделот кој и покрај редизајнот веќе неможе да ги скрие годините, се борат бројни нови модели. Меѓу нив се и Kia Ceed и Ford Focus.

И додека квалитетот на Focus е познат со генерации, на Ceed за влегување во самиот врв му фалел еден мал чекор. Со новата генерација тој чекор дефинитивно е направен, а на одредени полиња дури е и подобар од конкуренцијата. Како сеуште актуелниот Golf претставен во 2012 година се справува нив, се обидува да објасни британскиот Carwow.