Опремен со моќен електричен мотор и огромни батерии, новиот Roadster ќе понуди неспоредливи перформанси во светот на автомобилите

Кога станува збор за забрзувањето на моделот, многумина останаа запрепастени, а истото веројатно може да се каже и информацијата дека автономијата на Roadster ќе биде неверојатни 620 милји или 998 километри. А сето тоа благодарение на фактот дека батериите имаат капацитет од 200 kWh, односно два пати повече од оние во најмоќните електрични модели, повторно оние на Tesla.

Откако беше поставено прашањето за автономијата, на Twitter лично реагираше Илон Маск и беше недвосмислен:

„Опсегот ќе биде над 1.000 километри“, сепак без навлегување во оправдување на ова тврдење, односно под кои услови би било остварливо.

Она што е сигурно е дека оние што сакаат да искусат таква автономија засега можат само да сонуваат. Дали најавата на Маск е реална, останува да видиме. Но, во секој случај, истите тие ќе почувствуваат какво е чувството до 96 km/h да се забрзува за 1,9 секунди или до 162 km/h за 4,2 секунди. И да, максимумот е над 400 km/h, а тест-возачот на Тesla вели дека Roadster ќе оди и побрзо, односно ќе може да влезе на територија каде што сега суверено владеат Bugatti и Koenigsegg.

Ако се успее во намерите и за автономијата, тоа ќе биде двоен успех за Tesla. Имено, првите илјадa примероци на Roadster ќе се продаваат по цена од 200.000 долари, а потоа цената ќе изнесува 250.000 долари, што сепак е значително помалку од првиот бензински ривал.