Колегите од редакцијата на американскиот портал Motor1, како што пишуваат, случајно наишле на видео клип кој им ја открил целата конзистентност на страничните прозорци на постара генерација од Volkswagen Golf. Имено, стаклото се спротивставило и на налетите на метална сфера, а потоа и на чекан

Значи, овој сопственик на Volkswagen Golf се обидел, од неразбирлива причина, да ги уништи прозорците на своето возило, надевајќи се дека тоа ќе му успее со метална топка, идентична со онаа што беше фатална за страничните прозорци на пикапот Cybertruck на Тesla, за време на светската премиера. Еднаш, двапати … ништо. 

Истата работа се повторила и кога младиот човек го земал чеканот во раце. Сепак, транспарентниот материјал не го издржал налетот и на поголем чекан.

Сепак, кога истото е пресвлечено со заштитна фолија, станало целосно неуништливо, што поставува е едно генерално прашање, а тоа е зошто tesla пристапила кон развој на стакло кое финансиски е голем товар, а истиот резултат можеше да се постигне со монтирање на заштитна фолија.

Вака Cybertruck го разочара Маск на промоцијата.