Mercedes го претстави новиот GLE Coupe уште во текот на летото, а непосредно пред да започне продажбата на автомобилот, објавени се нови фотографии во снежна идила

Втората генерација на овој SUV модел е со должина од 4.939 mm и ширина од 2.010 mm (39 mm и 7 mm повеќе од претходникот).

Меѓуосовинското растојание е зголемено за 20 mm во однос на првата генерација, но и понатаму е за 60 mm понизок од GLE, што придонесува за поспортски карактеристики на возилото.

GLE Coupe остана функционален автомобил кога станува збор за простор за багаж, со оглед на тоа што се достапни 655 литри корисен капацитет, а кој максимум оди до 1.790 литри со соборување на задните седишта.

На почетокот од продажбата, новиот модел ќе се напојува со 6-цилиндерски дизел мотори со ознаките 350 и 400 d. Mercedesот GLE Coupe 350 d 4MATIC располага со 272 КС (200 kW) и 600 Nm, додека 400 d 4MATIC нуди 330 КС (243 kW) и 700 Nm. И во двете верзии, моќноста се пренесува стандардно на сите 4 тркала преку автоматски менувач 9G-TRONIC.

Единствената бензинска варијанта на почетокот од продажбата ќе биде Mercedes-AMG GLE Coupe 53 4MATIC +. Овој модел се напојува со 3.0-литарски 6-цилиндерски твин-турбо бензински мотор кој развива 435 КС (320 kW) и 520 Nm.

Благодарение на електричниот систем од 48 волти и EQ Boost starter – алтернаторот кој е дел од погонскиот систем, обезбедени се дополнителни 16 kW (22 КС) и 250 Nm вртежен момент за краток временски период.

Mercedes GLE Coupe 53 4MATIC + од нула до 100 km/h забрзува за само 5,3 секунди и достигнува максимална електронска ограничена брзина од 250 km. Понудата подоцна ќе вклучува и plug-in-хибридна верзија 350 d 4MATIC со вкупна моќност од 320 КС (235 kW) и 700 Nm максимален вртежен момент.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1GcQiPxf–PWpZu5HbWTQqcMM8RDSvLZj” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]