Кинезите се поотворени и во однос на електричните возила и во однос на автономната технологија за возење од клиентите во другите делови на светот, покажуваат новите истражувања

Според истражувањето спроведено од OC&C Strategy Consultants, дури 90% од Кинезите би размислиле да купат електричен автомобил, а веројатно и би се определиле за овој вид возило при купување. Во Германија, Франција и Велика Британија, оваа бројка се движи од 64 до 77%, додека во САД е само околу 50%.

Интересно е што околу 90% од Кинезите изјавиле дека се отворени за car-sharing идејата, односно за споделување на автомобилот, додека од друга страна, повеќето од жителите на Европа и Америка биле резервирани за ова и повеќе би го поседувале автомобилот лично отколку да го делат со другите корисници.

Европјаните и Американците во голем број автомобилот го сметаат за статусен симбол, но исто така и дека поседувањето на сопствено возило е попогодно и попрактично отколку користењето услуга за споделување автомобили.

Кога станува збор за воведување на автономната технологија за возење во автомобилите, околу една третина од западните луѓе не веруваат во оваа иновација, додека во Кина оваа бројка е само 4%.