Спортското одделение на германскиот Audi ја затвори 2019 година со рестилизирани верзии на двете RS 5 варијанти

Два високопеформанти модели добиле нови стилски детали од моделите A5 и S5, како и механички од верзиите A4, S4 и RS4 Avant.

Најголемата промена е видлива однапред, а се однесува на предната рамка која станала поширока како и новите фарови достапни со матрикс LED и ласерска технологија. Тука се и новите вентилациски отвори над решетката во стилот на Quattrо од 1984 година.

Тандемот RS 5 добил и нови Turbo Blue и Tango Red бои, заедно со многу додатоци од јаглеродни влакна, а самото купе е полесно за четири килограми поради CFRP покривот.

Двата модела доаѓаат стандардно со алуминиумски тркала од 19 инчи, а Audi нуди уште три верзии од 20 инчи. 

Во внатрешноста доминира екранот на допир од мултимедијата од 10,1 инчи, сè уште во форма на таблет. Со доплата може да се добие 12,3-инчен Audi Virtual Cockpit Plus кој му дозволува на возачот да избира помеѓу повеќе екрани и целосно дигитална табла.

Дуото RS 5 модели се придвижува со 2.9-литарски твин-турбо V6 мотор со 444 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Со овој погон, RS 5 од 0-100 km/h забрзува за само 3,9 секунди со максимална брзина од 280 км на час.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Почетната цена на RS 5 Coupe и RS 5 Sportback во Германија е 83.500 €.

Loading...