
Жените го избраа својот автомобил на годината
Името на Автомобилот на годината за 2019 година според изборот на жените е објавено на Саемот за автомобили во Дубаи
Титулата оди кај јапонскиот компакт Mazda3, кој воедно е прогласен и за семеен автомобил на годината. Mazda3 е победник во конкуренција на BMW Серија 3, Tesla Model 3 и Audi E-Tron.
Во конкуренција за женски градски автомобил на годината, титулата е за Kia XCeed, новиот корејски компактен кросовер со спортски изглед.
Kia исто така е добитник и на наградата за женски зелен автомобил на годината со моделот Soul EV.
Што се однесува до останатите класи, BMW Серија 8 е избрана за луксузен автомобил на годината, Porsche 911 е најдобaр автомобил со високи перформанси, а Range Rover Evoque за кросоверот / SUV на годината.