Кралот одлучи себеси и своите сопруги да ги почасти со нови Rolls-Royce автомобили, а за пошироката фамилија и поданиците купил 120 BMW модели

Веројатно би било сосема обична вест ако не станува збор за кралот Мсвати Трети, владетел на една од најсиромашните земји во светот, во која владее голема сиромаштија по решавање на статусот на колонија. Тоа е држава во која 63% од населението е сиромашно, а повеќе од половината се заразени со ХИВ. И, единственото нешто што се сменило во последните децении е името на државата, кое кралот го преименувал во Кралство еСватини. Тој тоа го сторил минатата година на неговиот 50-ти роденден, наводно за да ја одбележи 50-годишнината од „независноста“.

И во таква земја каде што половина од буџетот го добива кралското семејство, време е да се обнови возниот парк. За себе и своите сопруги купил Rolls-Royce. Во моментов има 15, па земал 19 примероци за да има неколку резервни, доколку се ожени со уште некоја жена.

Набавката на возила ја проширил со 120 единици BMW, кои веќе експресно пристигнале во оваа сиромашна земја.

За оние кои не знаат, станува збор за еден од најбогатите монарси во светот со имот вреден над 200 милиони долари. На пример, само минатата година тој се почестил со авион од 13,2 милиони долари, а во возниот парк има дваесетина Mercedes S-класи, Rolls-Royce и некоe BMW, Х6 секако.