Репозиционирање на брендовите во рамките на VW Group
Групацијата Volkswagen планира да ја интензивира диференцијацијата помеѓу брендовите VW, Škoda и Seat со позиционирање на Seat на повисока позиција, додека Škoda ќе се фокусира на конкурентите кои произведуваат поевтини возила
„Она што сакаме е попрецизна идентификација на брендовите во иднина“, вели директорот за стратегија на производи во VW Group, Мајкл Jост. „Seat би можел да претстави уште поемоционални автомобили, како што се моделите на Cupra, додека Škoda би можела да се фокусира повеќе на пазарите во Источна Европа, бидејќи клиентите сакаат уште повисоко ниво на функционалност“.
Ова би можело да значи зголемување на цената на моделите на Seat во однос на VW, односно таргетирање на Alfa Romeo како главен ривал, што беше всушност и желба на поранешниот претседател, Фердинанд Пих.
Škoda веројатно ќе ги намали премиум опциите во идните модели и ќе се фокусира на занемарените пазари, особено на оние во Источна Европа, каде Hyundai, Kia и Dacia веќе држат голем дел од пазарот споредбено со VW Group.
Групата VW исто така внимателно ги следи потенцијалните преклопувања во портфолиите на производи. Марката Volkswagen исто така би можела да претрпи измени, така што нејзиниот опсег не би се поклопувал премногу со оние на другите брендови.
„Внимателно ја следиме можноста за преклопување во производните гами на сите брендови. Токму затоа, на пример, Tiguan Coupe, нема да биде лансиран воЕвропа“, вели Јост.