Од очигледни причини, постарите возачи имаат повеќе шанси да учествуваат во сообраќајни инциденти

Една нова студија, спроведена од Канцеларијата за национална статистика во Велика Британија, покажува дека веројатноста постарите жени возачи да бидат вклучени во сообраќајни несреќи е дури три пати поголема од онаа на нивните машки врсници.

Автомобилската асоцијација ги објаснува резултатите од истражувањето велејќи дека во подоцнежна возраст, жените гравитираат кон тоа да ги остават сопрузите да возат. Со доброволно откажување од воланот, жените не собираат доволно искуство во возењето.

Во просек, жените живеат подолго од мажите, па затоа кога се принудени повторно да седнат зад воланот, немаат акумулирано искуство како нивните сопрузи. Преведено, кога ќе станат вдовици, жените кои повторно почнуваат да возат, освен тоа што ги немаат рефлексите и когнитивните способности како порано, дури го немаат ниту потребното искуство, па прават грешки.

Според студијата, на секоја милијарда и половина километри кои ќе ги минат жените со старост над 70 години, гинат или се повредуваат во сообраќајни несреќи 173 жени. За споредба, само 63 мажи од иста возраст се вклучени во сериозен инцидент. Во исто време, мажите постари од 65 години имаат шест пати поголема веројатност да бидат редовен возач во семејството во однос на жените, додека една третина од жените постари од 70 години се лишени од сообраќајна дозвола. Во исто време, еден од десет мажи го прави истото.