Hyundai пред Tesla според енергетската ефикасност
На дното од рангирањето на EPA се Jaguar I-PACE и Audi e-tron
Пазарот на електрични автомобили се развива со голема брзина, а многу модели веќе сега имаат одлични карактеристики. Сепак, многумина се прашуваат кој електричен автомобил е најефикасен. Експертите од Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите држави (EPA) решиле да го појаснат ова и ја оцениле енергетската ефикасност на електричните возила.
Најчесто, при вакви рангирања прво се зема во предвид автономијата на електричното возило со целосно наполнета батерија. Сепак, многу важен фактор е потрошувачката на енергија во вати на 1 километар. Токму овој показател е во основата на рангирањето од експерите на Агенцијата.
Лидер во рангирањето е Hyundai Ioniq Electric 2019 – во комбиниран режим моделот троши само 154 ват часови на километар (140 Wh/km во градски режим). Следуваат Tesla Model 3 Standard Range Plus и Tesla Model 3 Standard Range – 157 Wh/km односно 160 Wh/km соодветно. На дното од рангирањето се Jaguar I-PACE и Audi e-tron.