Компанијата B&D Forecast неодамна пресметала колку заработуваат компаниите со продажба на еден автомобил

Треба да се напомене дека бројките се однесуваат на Германија, а јасно, се разликуваат од земја до земја.

Кога станува збор за германските марки, најмногу заработува Porsche – на еден продаден автомобил на германскиот пазар заработува 22.674 евра. BMW заработува „само“ 2.574 евра. Audi – 1.643 евра, а Mercedes само 736 евра. Уште помалку заработува Volkswagen – само 334 евра.

Кога пак станува збор за оние кои увезуваат на германскиот пазар, со најголема заработка е Toyota – чист профит од 1.751 евра, a по неа следи Chrysler so 1.579 евра. Со заработка од над 1.000 евра по автомобил може да се пофалат и Hyundai и Kia со по 1.183 евра по автомобил. Од останатите, Honda заработува 319 евра по автомобил, General Motors – 834 евра, Skoda – 758 евра, Ford околу 967 евра, Seat – 364 евра, Peugeot – 510 евра, Citroen – 500 евра и на крајот Renault со само 241 евра по автомобил.