По завршувањето на ГН на Монако, светот на Formula 1 некако како да се смири. Два дена по трката светот се прости од Ники Лауда, а испраќањето на австрискиот великан како да го замолкна се она што се слуша помеѓу два тркачки викенди

Возачите некако се притаија овие десет дена, па во отсуство на интересни теми, различни медиуми се свртеа кон разно разни „трачеви“. Така тргна приказната дека Себастијан Фетел планира да се пензионира на крајот од оваа година, а на неговото место, ќе седне никој друг туку повторно Фернандо Алонсо. Во исто време, Red Bull Racing, наводно, веќе работи на изнаоѓање замена за Пјер Гасли, а првата цел е Нико Хулкенберг.

За среќа, протагонистите брзо ги демантираа овие озборувања, па така во фокусот на јавноста конечно е онаа, вистинската работа, а тоа е тркањето. На ред е седмата трка во сезоната, трката за ГН на Канада.

Трката за ГН на Канада има навистина богата традиција во Formula 1, а може да се пофали дека на фановите на спортот има понудено некои можеби од најинтересните трки на сите времиња.

Како дел од Светскиот шампионат во Formula 1, Гран-при Канада се одржува од 1967 година. Во првите десет години трката се возела наизменично на патеките Mosport Park во Онтарио и Mont-Tremblant во Квебек, за да во 1978 година се пресели на патеката Ile Notre-Dame во Монтреал каде се вози до ден денес. Од 1982 година е преименувана во Жил Вилнев, легендарниот канадски возач, кој починал таа година, само еден месец пред неговата домашна трка.

Оваа година Големата награда на Канада прославува голем јубилеј, своето 50-то издание. На листата на претходни победници има бројни великани од овој спорт, но двајца особено се издвојуваат.

Рекордер во Монтреал е Михаел Шумахер со седум победи. Неговата прва победа е во 1994 година со тимот на Beneton, а потоа од 1997 до 2004 година, уште шест пати победува со тимот на Ferrari. Шанса да го изедначи рекордот веќе оваа година има Луис Хамилтон. Тој има шест победи – три со McLaren и три со Mercedes. Неговата прва победа на оваа патека е во 2007 година, воедно и прва во кариерата, а со Mercedes има три последователни победи – 2015 до 2017 година.

Од повеќекратните победници, може да се спомене и Нелсон Пике, кој во Канада има три победи, а од активните возачи повеќе од една победа има само Себастијан Фетел – 2013 со Red Bull и минатата година со тимот на Ferrari.

Возачите во Монтреал ќе ги имаат истите компоненти кои можеа да ги користат во Монако – C3, C4 и C5. Тоа се најмеките компоненти, бидејќи патеката не е премногу груба за гумите. Сепак, една од особеностите на патеката е нечистотијата, бидејќи тоа не е патека на пока постојано се во текот на годината.

Ако се фрли поглед на изборот на гуми, интересно е да се забележи дека возачите на Ferrari избрале многу setovi na среднo тврди гуми, додека според количината на C5 сетови предничат McLaren, Racing Point и Alfa Romeo.

Гран-при на Канада за европските фанови е вечерна трка, а не се очекува. Напротив, идеални услови за тркање.

20:00 Сабота, 8 јуни (квалификации)
20:10 Недела, 9 јуни (трка)

Фаворит? Секако на прво место, имајќи во предвид како тече сезоната, се возачите на Mercedes, Хамилтон и Ботас.  По шест последователни победи на “Сребрените стрели”, од кои првите пет еден-два, се разбира, се друго освен победа на Хамилтон или Ботас би било големо изненадување.

Сепак, Тото Волф, шефот на Mercedes, не мисли дека ќе биде така лесно.

„Канада е седма трка на сезоната и сега веќе ги гледаме предностите и недостатоците на нашиот болид. На последните шест трки бевме многу силни во свиоците, но губевме време на правците. Затоа Канада ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи карактеристиките на патеката би можеле повеќе да одговараат на нашите ривали. Има многу долги правци, а помалку свиоци во кои можеме да го надоместиме изгубеното време“, вели Тото Волф.

Дали е во право или дава само една куртозана изјава за конкурентите, ќе можеме да видиме веќе вечер на квалификациите и утре на трката.