Hyundai Kona Hybrid достапна и на европскиот пазар / ВИДЕО
По целосно електричната верзија и моделот со конвенционални погонски единици, Hyundai на клиентите ќе им понуди и хибридна варијанта на својот компактен SUV
Hyundai Kona Hybrid има сличен погонски систем како оној кај Hybrid Ioniq. Во срцето на хибридниот погон е 4-цилиндерски 1.6 GDI бензинец со директно вбризгување кој испорачува 105 КС. Нему му помага електричен мотор од 43,5 КС (32 kW), кој добива електрична енергија од литиум-јонска батерија со капацитет од 1.56 kWh.
Вкупната комбинирана моќност на хибридниот систем е 141 КС, а максималниот вртежен момент е 265 Nm. Од Hyndai наведуваат дека Kona Hybrid од 0-100 km/h забрзува за 11,2 секунди, со максимална брзина од 160 km/h. Просечната потрошувачка на гориво според фабричките податоци е 3,9 l / 100 km.
Продажбата на Hyundai Kona Hybrid во Европа ќе започне во месец август.