Шпанскиот производител објави дека во септември ќе почне да прима нарачки за електричната верзија на малиот модел Mii

Seat Mii Electric е првиот продукциски модел во гамата на шпанскиот производител. Автомобилот својата светска премиера ќе ја има подоцна оваа година и тоа во Осло, со оглед на тоа што норвешкиот пазар во Европа е најповолен за електричните возила.

Се очекува дека, како и сестринските модели на струја – Volkswagen e-Up! и Škode Citigo-e iV, така и Seat Mii Electric, ќе користи електричен мотор со 83 КС (61 kW) и 210 Nm вртежен момент. За складирање на електрична енергија ќе се користи батериски систем со капацитет од 36,8 kWh, што треба да обезбеди автономија за возење од околу 265 km со едно полнење.

Ако и останатите спецификации бидат идентични со Citigo-е iV, кој дебитираше на крајот од мај, Seat Mii Electric од 0-100 km/h ќе забрзува за околу 12,5 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува 130 km/h.